свет, култура и уметност

Спектакуларната „Сфера“ во Лас Вегас привлекува големо внимание со футуристичкиот стил

Станува збор за една од најголемите и најмодерните затворени арени од ваков тип во светот, дизајнирана да обезбеди целосно импресивно искуство за посетителите преку најнова аудиовизуелна технологија и 360-степенски ефекти

Aida Cako  | 28.05.2025 - Обновена : 31.05.2025
Спектакуларната „Сфера“ во Лас Вегас привлекува големо внимание со футуристичкиот стил Фото: Tayfun Coşkun/АА

СКОПЈЕ (АА) – Импресивната „Сфера“, новата музичка и забавна арена со сферична форма, се наоѓа кај „Венешн рисортот“ во Лас Вегас, Невада, САД, привлекувајќи внимание со својата футуристичка архитектура и технолошка напредност, јавува Анадолу.

Лоцирана во областа Парадајс, во близина на познатиот Лас Вегас Стрип, „Сферата“ се наоѓа источнo од „Венешн рисортот“ и веќе се етаблира како нов симбол на градот кој никогаш не спие.

Станува збор за една од најголемите и најмодерните затворени арени од ваков тип во светот, дизајнирана да обезбеди целосно импресивно искуство за посетителите преку најнова аудиовизуелна технологија и 360-степенски ефекти.

Проектот беше најавен во 2018 година од компанијата „Мадисон сквер гарден“, а изградбата започна една година подоцна.

Од самиот почеток, „Сферата“ привлекуваше внимание не само поради големината, туку и поради иновативниот концепт кој ги комбинира уметноста, технологијата и забавата.

Очекувањата се дека арената ќе биде домаќин на концерти, изложби, филмски проекции и други спектакли, поставувајќи нови стандарди во индустријата на забавата.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın