Балкан

Mинистерот Муцунски во Казахстан се сретна со својот колега Нуртлеу

- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во Астана, главниот град на Република Казахстан, се сретна со Мурат Нуртлеу, заменик-премиер и министер за надворешни работи на оваа земја

Oktaj Omeragikj  | 10.06.2025 - Обновена : 11.06.2025
Mинистерот Муцунски во Казахстан се сретна со својот колега Нуртлеу Фото: МНРиНТ на Република Северна Макеоднија

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во Астана, главниот град на Република Казахстан, се сретна со Мурат Нуртлеу, заменик-премиер и министер за надворешни работи на оваа земја, пренесува Анадолу.

Во фокусот на разговорите на двајцата министри биле можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на третата рунда политички консултации во Скопје.

Муцунски и Нуртлеу се согласиле дека постои значителен потенцијал за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете земји, особено на економско поле, со зголемување на трговската размена и поттикнување на странските директни инвестиции.

На средбата било истакнато и задоволството од досегашната соработка на мултилатерален план, а двајцата министри размениле мислења за низа актуелни прашања од регионален карактер и пошироко.

По средбата е потпишана Програмата за соработка меѓу двете министерства за периодот 2025–2027 година, како конкретен чекор кон унапредување на билатералните односи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.