Турција, политика

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, се сретна со Путин во Москва

Средбата започна во 19:30 часот по локално време и траеше приближно еден час

Esra Tekin  | 26.05.2025 - Обновена : 27.05.2025
Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, се сретна со Путин во Москва Фото: Arda Küçükkaya/АА

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, беше примен денес од рускиот претседател Владимир Путин во руската престолнина Москва, соопштија турски дипломатски извори, јавува Анадолу.

Средбата започна во 19:30 часот по локално време и траеше приближно еден час, додадоа изворите.

Дополнителни информации за средбата сѐ уште не се достапни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.