Балкан

Политичките партии во Косовo се согласија локалните избори да се одржат во октомври годинава

- Албулена Хаџиу, претставничка на Движењето Самоопределување, на средбата со претседателката изјави дека се разгледани три опции за денот на изборите, 5, 12 и 19 октомври.

Agim Sulaj  | 04.06.2025 - Обновена : 05.06.2025
Политичките партии во Косовo се согласија локалните избори да се одржат во октомври годинава

ПРИШТИНА (АА) – Политичките партии во Косово се согласија редовните локални избори во земјата да се одржат во октомври 2025 година, јавува Анадолу.

По консултациите што претставниците на политичките партии ги имаа со претседателката на Косово, Вјоса Османи, во нејзиниот кабинет во Приштина, тие изјавија дека разговарале за неколку датуми за одржување на локалните избори, сите во октомври 2025 година.

Албулена Хаџиу, претставничка на Движењето Самоопределување, на средбата со претседателката изјави дека се разгледани три опции за денот за избори, 5, 12 и 19 октомври.

„Доколку изборите бидат распишани утре, можно е да се одржат на 5, 12 и 19 октомври. Ова се два-три датуми што беа најспомнувани. Наш став е дека колку порано бидат распишани, толку подобро, со оглед на тоа дека може да има втор круг. Самоопределување почна да објавува кандидатури. Во општините со кои раководиме ќе продолжиме со исти градоначалници. Многу наскоро ќе ги имаме сите кандидати за градоначалници“, рече таа.

Хаџиу рече дека на средбата со претседателката Османи била спомената и идејата за одржување општи избори на ист датум со локалните избори, иако додаде дека тие се за конституирање на косовското Собрание и формирање на владата.

Сепак, лидерот на втората по големина партија во земјата, Демократска партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, рече дека е тешко општите и локалните избори во Косово да се одржат на ист датум.

Меѓутоа, Красниќи рече дека вонредните општи избори би можеле да се одржат порано од локалните избори оваа година. По средбата со претседателката, на која се разговараше за локалните избори, Красниќи рече дека за нив не е важен датумот на изборите, иако во името на партијата ги предложи 12 и 19 октомври како можни датуми.

Красниќи изрази критика кон Движењето Самоопределување, единствена партија што на оваа средба не беше претставена од нејзиниот лидер Албин Курти.

„Од сите поканети партии, само лидерот на Движењето Самоопределување и лидерот на Српската листа, Златан Елек, беа отсутни и го бојкотираа состанокот, толку важен состанок што се случува еднаш на секои четири години. Не тврдам дека го направиле тоа по договор, но ова отсуство навистина остави лош впечаток“, рече Красниќи.

По овој состанок Претседателството издаде и официјално соопштение за медиумите, во кое се наведува дека датумот на локалните избори ќе биде одреден наредните денови.

„За време на состанокот претседателката Османи ги слушна ставовите и предлозите на политичките субјекти и затоа наредните денови, во согласност со уставните одговорности и важечките закони, таа ќе го одреди датумот за одржување на локалните избори“, се наведува во соопштението.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın