Бројот на убиени Палестинци во геноцидната војна на Израел во Газа надмина 54.600
- „Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, објави Министерството за здравство на палестинската енклава.

АНКАРА (АА) - Најмалку 54.607 Палестинци се убиени во геноцидната војна што Израел ја води во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека во последните 24 часа во болниците се донесени 97 тела, а 440 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 125.341.
„Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Израелската армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март, во кои се убиени 4.335 лица, а повредени се 13.300, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.