Навроцки победи на претседателските избори во Полска со освоени 50,9 % гласови
- Карол Навроцки, кандидатот на опозициската конзервативна Партија на правото и правдата, победи во тесна битка во вториот круг од претседателските избори во Полска, освојувајќи 50,9 % од гласовите, пред Рафал Тржасковски, градоначалникот на Варшава

ВАРШАВА (АА) - Карол Навроцки победи во тесна битка во вториот круг од претседателските избори во Полска, освојувајќи 50,9 % од гласовите, известува Анадолу.
Во вториот круг од претседателските избори во Полска што се одржа во неделата, 29 милиони регистрирани гласачи излегоа на гласачките места за да изберат меѓу градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, и кандидатот на опозициската конзервативна Партија на правото и правдата, историчарот Навроцки.
Според официјалните резултати објавени од страна на Изборната комисија, Навроцки со освоени 50,9 % од гласовите ќе ја преземе претседателската функција во следните 5 години. Тржасковски, кој беше прикажан малку понапред во предизборните анкети, освои 49,1 % од гласовите.
Излезноста на гласачите изнесуваше 71,63 %.
Вториот круг од претседателските избори во Полска се одржа во сенка на конфликтите меѓу Владата на премиерот Доналд Туск и опозицијата, особено околу прашања како што се односите со Европската Унија (ЕУ), судските реформи, законите за абортус и војната меѓу Русија и Украина.
Политичките аналитичари велат дека Навроцки, познат по својот дистанциран пристап кон ЕУ и инспириран од политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да ѝ предизвика проблеми на коалициската Влада предводена од Туск со неговите овластувања за вето како претседател на земјата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.