свет

Сенаторот Урибе е сериозно повреден во вооружен напад во Колумбија

- Полицијата приведе 15-годишно момче, кое е осомничено за инцидентот

Sinan Doğan  | 08.06.2025 - Обновена : 08.06.2025
Сенаторот Урибе е сериозно повреден во вооружен напад во Колумбија

БОГОТА (АА) - Во вооружен напад сериозно е повреден сенаторот Мигел Урибе Турбај, кој се истакнува меѓу претседателските кандидати на десничарската партија на општите избори во Колумбија закажани за 2026 година, известува Анадолу.

Урибе (39), кој имаше средба со граѓани во населбата Моделија, во западниот дел на главниот град Богота, беше нападнат со оружје додека држел говор.

По нападот Урибе бил пренесен во приватна клиника со сериозни повреден нанесени од 6 куршуми во неговото тело.

Колумбискиот печат објави дека врз сенаторот Урибе пукало 15-годишно момче и дека тоа е приведено со повреди и се наоѓа на лекување во една клиника.

Градоначалникот на Богота, Карлос Фернандо Галан, во изјавата за медиумите истакна:

„Сенаторот Мигел Урибе по обидот за атентат во Фонтибон ова попладне итно беше примен на лекување. Напаѓачот е фатен. Сите болници во Богота се во состојба на готовност за евентуален трансфер.“


- По нападот врз Урибе активиран е „План за итна интервенција“

Владата на Колумбија објави дека Планот за итна интервенција е активиран по нападот врз Урибе.

Се очекува високите функционери, кои се состанаа со Националната единица за заштита и Министерството за внатрешни работи, да донесат важни одлуки за да се зголеми безбедноста на претседателските кандидати.

Колумбискиот печат објави дека во „критична“ состојба е Урибе, кој сè уште се лекува во болница.

Сенаторот Турбај се истакнува меѓу претседателските кандидати на десничарската партија на општите избори во Колумбија закажани за 2026 година


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.