свет

Си и Трамп одржаа прв телефонски разговор по ескалацијата на трговските тензии

- Кинескиот претседател Си Ѓинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски денес за прв пат откако ескалираа тензиите меѓу нивните земји поради тарифите, соопшти кинеската државна новинска агенција Синхуа

Islam Uddin  | 05.06.2025 - Обновена : 08.06.2025
Си и Трамп одржаа прв телефонски разговор по ескалацијата на трговските тензии

АНКАРА (АА) - Кинескиот претседател Си Ѓинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски денес за прв пат откако ескалираа тензиите меѓу нивните земји поради тарифите, соопшти кинеската државна новинска агенција Синхуа, јавува Анадолу.

Телефонскиот повик се одржал на барање на Вашингтон, објави кинеската новинска агенција.

Трговските преговори меѓу САД и Кина беа прекинати кратко време по нивниот договор на 12 мај за намалувањето на тарифите.

Според тој договор, САД и Кина се согласија на 90-дневна суспензија на повеќето тарифи и укинување на мерките воведени од почетокот на април.

Страните меѓусебно се обвинија за кршење на условите. Трамп тврдеше дека Кина не го почитува договорот, додека Пекинг во понеделникот ги отфрли тие обвинувања како „неосновани“ и предупреди на силни контрамерки за одбрана на своите економски интереси.

Во средата, Трамп кинескиот претседател Си го опиша како „МНОГУ ТВРД, И ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕЖОК ЗА СКЛУЧУВАЊЕ ДОГОВОР“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın