Симоне Инзаги е назначен за технички директор на ФК Ал Хилал
- Симоне Инзаги е новиот технички директор на ФК Ал Хилал, тим во Првата фудбалска лига на Саудиска Арабија (Про лига)

АНКАРА (АА) - Симоне Инзаги е новиот технички директор на ФК Ал Хилал, тим во Првата фудбалска лига на Саудиска Арабија (Про лига), известува Анадолу.
Во соопштението на клубот се наведува дека е потпишан 2-годишен договор со 49-годишниот италијански фудбалски тренер кој го напушти Интер.
Симоне Инзаги со тимот на Интер ја освои шампионската титула во италијанската Серија А , каде што беше тренер од 2021 година. Во овогодинешното финале на УЕФА Лигата на шампиони, Интер под водство на Инзаги загуби со 5:0 од францускиот тим Пари Сен Жермен.
ФК Ал Хилал ќе се натпреварува на Светското клупско првенство на ФИФА, кое ќе започне на 15 јуни.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.